ЗА НАС

Национален совет за родова рамноправност

НСРР- Национален совет за родова рамноправност е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Организацијата се стреми кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир.

Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации и групи од урбани и рурални средини во државата.

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е формиран во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија. Членки на мрежата се жени од различна возраст, различно социјално и образовно ниво, етничка припадност и религија.

Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето и подобрување на политиките за родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

Нашиот тим

Мартина Станковиќ

Помлада финансиска менаџерка

Теа Зографска

Програмска менаџерка

Савка Тодоровска

Претседателка

Ирена Ангеловиќ Терзиќ

Финансиска менаџерка

Делфина Саздовска

Социјални медиуми и веб - администраторка

Ана Тодоровска

Психолог во советувалиштето НСРР

Ружица Пинзовска

Правна советничка во советувалиштето НСРР

Елена Гроздановска

Социјален работник во советувалиште НСРР

Надире Селман

Операторка на СОС линијата за жени жртви на семејно и родово базирано насилство

Верица Стаменкова Трајкова

Операторка на СОС линијата за жени жртви на семејно и родово базирано насилство

Сумеа Рамадани

Операторка на СОС линијата за жени жртви на семејно и родово базирано насилство

Азра Милаими Реџепи

Операторка на СОС линијата за жени жртви на семејно и родово базирано насилство

Атиџе Селман

Операторка на СОС линијата за жени жртви на семејно и родово базирано насилство

„Она што најмногу ми се допадна од оваа обуките беше темелното излагање од предавачката како и активното и масовно вклучување на жените од повеќе политички партии во општините. Оваа тема е од голема важност за едуцираност и застапеност на жената во изборните процеси, како и за нивна поголема бројност во Советот на Општината.„

Радевска Славјанка, Новинари за човекови права-Канцеларија Ресен

„Навистина сметам дека позитивната енергија и ентузијазмот кој го има тимот се прекрасни. Благодарам за споделените искуства и знаења. Дополнително преку обуките се зголемува свесноста дека жените треба да се подеднакво застапени во сите сфери на делување од заеднички интерес во општеството.„

Билјана Ташева, ЗРЕ Визија Кавадарци

искуства