Шифра: Вода

Имам потреба од: Правник

Порака: Доколку добивам усни закани по живот а немам доказ за истите, дали може да пријавам
или следниот пат да ги снимам истите? И дали ако снимам ќе се валидира како доказ?


Одговор:

Почитувани,
Бидејќи добивате закани по живот, веднаш треба да го пријавите лицето во полиција.
Во однос на прибавување на докази, неовластено не смеете да снимате со самото тоа и не може
да ги користите како доказ. Затоа, кога ќе пријавите во полиција консултирајте се со службеното
лице како може да прибавите доказ за таквиот вид на закани.


Одговара: Ружица Пинзовска- правна советничка, во рамки на Советувалиштето при Национален
совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *