Шифра: Vidra

Имам потреба од: Правник

Порака: Доколку сопругот и се заканува на сопругата дека ќе ја остави на улица, а станот не е во сопственост на сопругата, дали таа има право на заштита?


Одговор:
Почитувана Vidra,
Пред се ви благодариме што се обративте кај нас.
Во однос на заканите, личноста има право на заштита, меѓутоа за конкретен одговор на Вашето прашање влијаат повеќе фактори. Како на пример, дали имотот (станот) е стекнат во сопственост за време на брак, дали заканите се пријавени во полиција или Центар за социјална работа…затоа во
зависност од тоа како е фактичката состојба ќе се утврди и правото на заштита.
Би сакале да Ве охрабриме да се јавите на Советувалиштето при НСРР (02 3134 390) и да закажете
термин за правно советување. Притоа, сакаме да Ве информираме дека услугата на
Советувалиштето е бесплатна и опфаќа правно и психосоцијално советување.


Ружица Пинзовска-правна советничка, во рамки на Советувалиштето при Сојуз-
Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *