Довербата претставува срж на секој здрав однос, без неа комуникацијата е нарушена, соработката се намалува, а заедничките цели се загрозени. Таа не е автоматска за да се подразбира, потребна е свесна заложба за да се изгради и одржи а особено да се воспостави ако е нарушена. Во овој блог ќе зборуваме за тоа што значи довербата, како се губи, и како се обновува на лично, професионално и општествено ниво.

Што претставува довербата?

Довербата е чувство на сигурност и убеденост дека другата личност ќе постапи со добра намера и одговорност. Таа се гради преку постојани, доследни и искрени постапки, а се руши со изневерени очекувања, неискреност или избегнување одговорност. Луѓето често ја земаат довербата здраво за готово, но таа е процес – се развива, се одржува и понекогаш треба да се обновува. Во секојдневниот живот, довербата се гледа во најмалите работи. Таа е и емоционална и рационална – бара и чувство и одлука. Во динамична средина, особено на работното место, каде има различни интереси, култури и очекувања, довербата се става на тест. Недостаток од добра комуникација, непотполни информации или лошо менаџирани конфликти лесно водат до сомнежи. Кога довербата ќе се наруши, луѓето стануваат повнимателни или се повлекуваат па дури и стануваат цинични, особено ако чувствуваат дека нивната ранливост и искреност е искористена. Во личните односи, прекумерната контрола, љубомората или непочитувањето на личните граници доведува до недоверба. Понекогаш довербата може да се наруши без лоша намера туку поради недоразбирања или избегнување непријатни разговори. Но, без искреност и отвореност, сомнежот станува подлабок.

Довербата не значи дека другата личност никогаш нема да направи грешка, туку кога знаеш дека личноста ќе се потруди да постапи одговорно и ќе го поправи стореното. Како се гради и обновува довербата?

Кога довербата ќе биде нарушена, природно е да има отпор, сомнеж или болка. Но, ако постои искрена волја, таа може да се обнови преку:

Довербата и личниот развој

Довербата не е нешто што се однесува и имплицира само кон другите, таа почнува од самите нас. Дали верувате во својата проценка? Дали си давате простор за грешки и раст? Самодовербата е темелот врз кој се гради отвореноста кон другите. Кога си сигурен во себе полесно можеш да веруваш и да простуваш, но и да поставиш граници кога е потребно. Не е лесно да се изградат и одржат односите кои се базираат на доверба, потребна е храброст, посветеност, одговорност и искреност. Но кога постои, таа овозможува односи полни со почит, заедништво, стабилност и спокој. Без доверба луѓето се оддалечуваат, стануваат дефанзивни и нивните односи и поврзаност страдаат. Со труд, слушање и доследни постапки, довербата може да се изгради или да се врати, дури и кога изгледа невозможно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *