Шифра: Скорпија

Имам потреба од: правник

Порака: Има една особа што повеќе од година дена преку лажен профил од мои слики и слики на деца, упорно ја клевети и вреѓа мојата фамилија, ја имам пријавено во полиција и пуштено тужба, но никој не превзема ништо веќе година дена. Исто така, и на facebook имам регирано но ништо. Може ли нешто да се направи. Однапред благодарам.

Одговор:

Почитувана Скорпија,

Пред се, Ви благодариме што се обративте кај нас.

Во однос на институционално пријавување на дигитално насилство истото се пријавува во полиција, во секторорт за сајбер насилство. Со оглед на информациите кои ги споделивте, претпоставуваме дека го познавате лицето и дека имате пријавено повеќе пати. За да можеме целосно да Ви помогнеме во однос на непостапување на интитуциите по Ваша пријава  и правата за заштита (за кои ни се потребни дополнителни информации), Ве охрабруваме да се јавите на бесплатната мобилна СОС-линија (141 700) за понатамошно советување.


Одговара: Ружица Пинзовска-правна советничка, во рамки на Советувалиштето при Сојуз – Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *