проектот „Моја иднина, мој избор – зајакнати жени и девојки за транспарентни и инклузивни локални избори 2025“ има за цел да го зајакне учеството на младите жени во демократските процеси и да придонесе кон пофер, поинклузивни избори во Република Северна Македонија.
Фокусот на проектот е ставен на млади жени од урбани и рурални средини, кои често се соочуваат со ограничен пристап до информации, општествени притисоци и недоволна вклученост во политичките процеси.















Што правиме
Преку овој проект, работиме на:
- јакнење на знаењата и вештините на младите жени за изборни процеси
- нивно активно вклучување како набљудувачки на избори
- подигнување на јавната свест за мааноста на учеството на жените
- иницирање на системски промени преку родово разделена статистика
Активностите вклучуваат едукативни работилници, практична обука за изборен мониторинг, како и јавна кампања насочена кон мобилизација на младите жени.
Зошто е важно
Во Република Северна Македонија, особено во руралните средини, младите жени се соочуваат со сериозни бариери за активно учество во изборите – од семејно влијание врз гласањето до недостиг на информации и политичка едукација
Овој проект директно ги адресира овие предизвици, создавајќи простор младите жени да станат информирани, активни и самостојни учеснички во демократските процеси.
Очекувано влијание
Проектот ќе придонесе кон:
- зголемена излезност на младите жени на изборите
- поголема застапеност на жени во изборен мониторинг
- зајакнат граѓански ангажман во заедниците
- подобра основа за креирање политики базирани на родови податоци
Со ова, се создава долгорочна основа за поинклузивно и демократско општество во кое жените имаат активна улога во донесувањето одлуки.
