Активности

Прашалник за проценка на потребите на локалните граѓански организации

Целна група: локални граѓански организации неформални групи и мрежи/платформи

Овој прашалник е дел од проценката на капацитетите на локалните граѓански организации, неформалните групи и мрежите/ платформите од сите осум (8) плански региони во земјата, конкретно во 17 општини (Карпош, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Липково, Конче, Струмица, Битола, Могила, Новаци, Градско, Росоман, Кавадарци, Струга, Вевчани, Гостивар и Врапчиште).  Проценката има за цел да ги увиди капацитетите за застапување, потребите и (недостатокот на) вештините на локалните граѓанските организаии да работат заеднички со единиците на локалната самоуправа и локалните институции на воведување на интерсекциска родова перспектива во својата работа, односно да ги земат  предвид специфичните потреби на различни групи кои заради своите лични карактеристики имаат повеќекратни ранливости, како што се жените со попреченост, специфичните потреби на жените од етничките заедници, жените од руралните области и сл.  Врз основа на наодите од оваа проценка, ќе се изгради програма за јакнење на локалните капацитети на граѓанските организации, земајќи ги предвид т.н. ПАНЕЛ принципи (Учество; Одговорност/отчетностНедискриминација и еднаквостПринцип на зајакнати носители на праваЗаконитост).

Програмата за јакнење на капацитети за граѓанските организации и претставниците од единиците на локалната самоуправа во таргетираните 17 општини ќе вклучува серија на (4) обуки, индикативно планирани како што се: (1) род, интерсекционалност и обврска на јавниот сектор за промоција на еднаквоста; (2) интерсекциски родови анализи на годишните локални програми и индикатори, вклучително и граѓанско учество во креирање на политики базирани на докази и мониторирање; (3) застапување и лобирање (како да се користат податоците како аргументи) и (4) подготовка и управување со проекти финансирани од ЕУ. Модулите за обуки ќе бидат адаптирани на вашите потреби сообразно на наодите од оваа проценка, а понатаму е палнирана и дирекна поддршка преку менторство во процесот на спрведување на компонентата за суб-грантирање предвидена во рамките на проектот, која се очекува да започне кон крајот на 2024 година и на која вие, доколку спроведувате активности во целните општини, можете да се јавите како носител/партнер.

Проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“ е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а спроведуван од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност како Водечки партнер, Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар. Една од специфичните цели на проектот е градење на капацитетите на граѓанските организации за зајакнување на дијалогот за секторските политики во областите на правда, образование, вработување и социјална политика, со цел да се следи нивото на одговорност на локалните самоуправи  и, истовремено, да обезбеди поддршка за локалните организации во градење на капацитети за мониторирање на вклученоста на интерсекцискиот родов пристап во локалните политики за еднаквост, годишните програми и буџети како и мониторинг на посветеноста на локалните власти за подобрување на политиките за еднаквост на локално ниво.

Имајќи го предвид горенаведеното, веруваме дека Ви е јасно колку ни значи вашиот придонес. Ве молиме да посветите дел од вашето време, со цел да одговорите на прашалникот, не подоцна од 30 август 2024 година.

  1. Доколку сте регистрирани во општина Карпош Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА .
  2. Доколку сте регистрирани во општина Штип Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА .
  3. Доколку сте регистрирани во општина Пехчево Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  4. Доколку сте регистрирани во општина Крива Паланка Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  5. Доколку сте регистрирани во општина Липково Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  6. Доколку сте регистрирани во општина Конче Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  7. Доколку сте регистрирани во општина Струмица Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  8. Доколку сте регистрирани во општина Битола Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  9. Доколку сте регистрирани во општина Могила Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  10. Доколку сте регистрирани во општина Градско Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  11. Доколку сте регистрирани во општина Росоман Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  12. Доколку сте регистрирани во општина Кавадарци Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  13. Доколку сте регистрирани во општина Струга Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  14. Доколку сте регистрирани во општина Вевчани Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  15. Доколку сте регистрирани во општина Гостивар Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.
  16. Доколку сте регистрирани во општина Врапчиште Ве молиме продолжете со одговарање ТУКА.

Ви благодариме!

Pyetësor për vlerësimin e nevojave të organizatave lokale civile

Grupi i synuar: organizata lokale civile grupet dhe rrjetet/platformat joformale   

Ky pyetësor është pjesë e vlerësimit të kapaciteteve të organizatave lokale civile, grupeve joformale dhe rrjeteve/platformave nga të tetë (8) rajonet planore në vend, konkretisht në 16 komuna (Karposh, Shtip, Pehçevë, Kriva Palanka, Likovë, Konçë, Strumicë, Manastir, Mogilë, Novaci, Gradsko, Rosoman, Kavadar, Strugë, Vevçan, Gostivar dhe Vrapçishtë).  Vlerësimi synon të shqyrtojë kapacitetet e përfaqësimit, nevojat dhe (mungesën) e shkathtësive të organizatave lokale të shoqërisë civile, për të punuar së bashku me njësitë e vetëqeverisjes lokale dhe institucionet lokale, për të futur një perspektivë gjinore intersekcionale në punën e tyre, d.m.th. për të marrë  parasysh nevojat specifike të grupeve të ndryshme që, për shkak të karakteristikave të tyre personale, kanë cenueshmëri të shumëfishta, siç janë gratë me aftësi të kufizuara, nevojat specifike të grave nga komunitetet etnike, gratë nga zonat rurale, etj.  Bazuar në gjetjet e këtij vlerësimi, do të ndërtohet një program për forcimin e kapaciteteve lokale të organizatave civile, duke marrë parasysh të ashtuquajturat parime të PANELIT (Pjesëmarrja; Përgjegjësia/Llogaridhënia; Mosdiskriminimi dhe baraziaParimi i mbajtësve të forcuar të të drejtave Ligjshmëria).

Programi për ndërtimin e kapaciteteve për organizatat civile dhe përfaqësuesit e njësive të vetëqeverisjes lokale në 17 komunat e synuara, do të përfshijë një seri (4) trajnimesh, të planifikuara në mënyrë indikative si: (1) gjinia, intersekcionaliteti dhe detyrimi i sektorit publik për të promovuar barazinë; (3) analizat intersekcionale gjinore të programeve vjetor dhe treguesve lokalë, duke përfshirë pjesëmarrjen qytetare në hartimin dhe monitorimin e politikave të bazuara në prova; (3) përfaqësimi dhe lobimi (si të përdoren të dhënat si argumente); dhe (4) përgatitja dhe menaxhimi i projekteve të financuara nga BE-ja. Modulet e trajnimit do të përshtaten me nevojat tuaja në përputhje me gjetjet e këtij vlerësimi, dhe mbështetjen e mëtejshme të zhvilluar dhe të drejtpërdrejtë përmes mentorimit në procesin e zbatimit të komponentit të nën-grantimit të parashikuar në kuadër të projektit, i cili pritet të fillojë në fund të vitit 2024 dhe të cilin ju, nëse kryeni aktivitete në komunat e synuara, mund të paraqiteni si transportues/partner.

Projekti “Nga të pavetëdijshëm për diversitetit deri në komunitete lokale transformative, që e njohin diversitetin dhe barazinë gjithëpërfshirëse” mbështetet financiarisht nga Delegacioni i Bashkimit Evropian në Maqedoninë e Veriut, dhe zbatohet nga Aleanca-Këshilli Nacional për Barazi Gjinore si partner kryesor, Polio Plus – Lëvizja kundër hendikepit dhe Shoqata për Iniciativa Demokratike (ADI) nga Gostivari. Një nga objektivat specifikë të projektit është ngritja e kapaciteteve të organizatave civile për të forcuar dialogun mbi politikat sektoriale në fushat e drejtësisë, arsimit, punësimit dhe politikës sociale, me qëllim monitorimin e nivelit të përgjegjësisë së vetëqeverisjeve lokale dhe, në të njëjtën kohë, ofrimin e mbështetjes për organizatat lokale në ngritjen e kapaciteteve për të monitoruar përfshirjen e qasjes intersekcionale gjinore në politikat lokale të barazisë, programet dhe buxhetet vjetore, si dhe monitorimin e angazhimit të autoriteteve lokale për përmirësimin e politikave të barazisë në nivel lokal.

Duke pasur parasysh sa më sipër, ne besojmë se ju e kuptoni se sa do të thotë kontributi juaj për ne. Ju lutemi kushtoni pak nga koha juaj, për t’iu përgjigjur pyetësorit, jo më vonë se 30 gusht 2024.

  1. Nëse jeni regjistruar në komunën e Karposhit, Ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  2. Nëse jeni regjistruar në komunën e Shtipit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  3. Nëse jeni regjistruar në komunën e Pehçevës, Ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  4. Nëse jeni regjistruar në komunën e Kriva Palankës, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  5. Nëse jeni regjistruar në komunën e Likovës, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  6. Nëse jeni regjistruar në komunën e Konçes, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  7. Nëse jeni regjistruar në komunën e Strumicës, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  8. Nëse jeni regjistruar në komunën e Manastirit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  9. Nëse jeni regjistruar në komunën e Mogilës, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  10. Nëse jeni regjistruar në komunën Gradsko, Ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  11. Nëse jeni regjistruar në komunën e Rosomanit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  12. Nëse jeni regjistruar në komunën e Kavadarit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  13. Nëse jeni regjistruar në komunën e Strugës, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  14. Nëse jeni regjistruar në komunën Vevçani, Ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  15. Nëse jeni regjistruar në komunën e Gostivarit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.
  16. Nëse jeni regjistruar në komunën e Vrapçishtit, ju lutemi vazhdoni të përgjigjeni KËTU.

 Ju faleminderit!

🌞Во текот на вчерашниот сончев ден тимот на НСРР спроведе уште еден форум за еднаквост и различност, овој пат во општина Градско.
💜Голема благодарност до сите присутни кои придонесоа во поттикнување на разбирање, емпатија и соработка преку ваквата дискусија.
❗Следете не и останете во тек со идните активности на нашето патување кон градење по инклузивно општество!
🙋Форуми за еднаквост и различност во општините Липково и Старо Нагоричане.
🟣Се ближиме кон крајот на првата низа форуми за еднаквост и различност. Во текот на дискусијата успеавме да размениме перспективи, искуства и предизвици со кои се соочуваат различните заедници.
💜Во денешниот свет, ваквите форуми и отворена дискусија се од суштинско значење за поттикнување разбирање, емпатија и соработка. Препознавањето на нашите разлики е првиот чекор кон прифаќање на нашата заедничка хуманост.
💁🏼‍♀️Оваа недела тимот на НСРР ја заокружи со дури три форуми за еднаквост и различност, и тоа во општините Врапчиште, Струга и Вевчани.
🟣Со ваквите форуми градиме мостови, наместо бариери. Целта е да ги прифатиме различностите за инклузивност во општеството. Општество каде се слуша сечиј глас, се вреднува секоја перспектива и се слави секој поединец.
💜Благодариме на сите присутни кои ја збогатија дискусијата на овие форуми со нивното присуство.
❗️Следете не додека се впуштаме во организација на нови форуми.
✅ Вториот форум за еднаквост и различност во текот на оваа недела. Овој пат во енергичната заедница на Општина Пехчево.
💁🏼‍♀️Секој форум е чекор кон поврзано и поинклузивно општество. Секој кој се придружува на ваквите дискусии е дел од промената за градење на подобро општество. Изразуваме голема благодарност на сите присутни кои значајно придонесоа кон форумите.
💜Следете не и не ги пропуштајте следните форуми за еднаквост и различност!
💜Зајакнување на жените за економска еднаквост!
💁🏼‍♀️На неодамнешната средба меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Савка Тодорова беше истакната важноста од финансиска едукација и вклучување во политиките насочени кон намалување на нееднаквоста. Едукацијата на жените за социо-економските права, развој на бизниси и финансиските можности е клучен чекор за намалување на родовата нееднаквост во општеството и во економијата.
❗️Потребна е здруженост на силите меѓу институциите и невладиниот сектор за зголемување на свеста и вклученоста на жените во економијата.
❗️Продолжуваме со низата форуми за еднаквост и различност!
✅Денеска беше одржан форумот во Општина Конче.
💁🏼‍♀️Овие форуми не се само обични собири; тие се трансформативни искуства за сите присутни. Истите предизвикуваат промени и креираат идеи кои нè носат поблиску до култура на инклузивност која не познава граници.
💜Придружете ни се на некој од претстојните форуми во вашиот град или во оној најблизок до вас.
🙋‍♀️Дали со вклучувањето на родовата компонента во законите и програмите за спречување, заштита и управување со кризи придонесуваме кон исполнување на обврските кон Резолуцијата 1325?
🟣Ова беше главното и клучно прашање за време на тркалезната маса на која беа присутни претставници од општините Ѓорче Петров, Сарај, Центар, МВР, МТСП, Националниот комитет за спречуванье на насилен екстремизам и борба против тероризам и Центар за управување со кризи.
💜Тркалезните маси се платформа за дијалозите за родово инклузивно управување со кризи, како и грижа да се слушне сечиј глас и перспектива, се со цел да се отвори патот кон поефективни и правични решенија.
💁🏼‍♀️Продолжуваме со серијата форуми за еднаквост и различност.
✅Денес успешно беа реализирани два форуми во општина Кавадарци и Росоман.
💜Ваквите форуми служат како клучни
платформи за дијалог и соработка, со цел поттикнување на инклузивноста и адресирање на ваквите релевантни прашања во нашите заедници.
💜Благодариме на нашите членки Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци и Организација на жени Росоман за нивната посветеност при организација на форумите за еднаквост и различност.
🟣Тимот на НСРР имплементираше два форуми за еднаквост и разлики. Истите се оддржаа во Битола и Могила.
💜Голема благодарност до сите присутни.
💁🏼‍♀️Одржавме работилница со наслов „Младински ангажман во градењето мир: Улогата на младите жени во промовирањето на мирот и безбедноста во нивните заедници“. Ваквите дискусии придонесуваат за за зајакнување и поддршка при вклучувањето на младите жени во иницијативите за разрешување конфликти и градење мир.
🟣За време на оваа работилница имавме можност да разговараме за родовите перспективи на одбраната, жените во војните, како и во науката за безбедност, одбрана и мир.
💜Голема благодарност изразуваме и до панелистките: полковник Антониела Станковска Будимир, Координаторката за еднакви можности при Министерство за одбрана – Билјана Стевкова, Кристина Атовска, м-р Лета Бараџиева Миовска, како и модераторот на дискусијата проф. д-р. Марјан Ѓуровски, кои овозможија ваквата дискусија да се оствари.
🙋🏼‍♀️Ова беше прекрасната атмосфера за време на денешната промоцијата на видео записот и монографијата “30+: Жените тоа го можат”, притоа и годишното собрание на Сојуз-НСРР.
❗️Велат не гледај назад, но понекогаш е убаво да се погледне назад и да се види колку далеку сме стигнале, особено кога станува збор за женските прашања.
🟣Огромна чест и задоволство беше да се организира и учествува на ваков настан.
💜Изразуваме голема благодарност до сите присутни за нивното одвоено време и внимание кои помогнаа овој настан да стане реалност.
🙋🏼‍♀️Продолжуваме со серијата форуми за еднаквост и разлики, овој пат во просториите на Europhouse Струмица.
💜Голема благодарност до сите присутни.
🙋🏼‍♀️Овој прекрасен ден, меѓународниот ден на жената, тимот на НСРР го одбележа со својата неуморна работа, поточно со форумот за еднаквост и разлики кој се оддржа во Гостивар.
💜Изразуваме голема благодарност до сите присутни.
🙋🏼‍♀️Ова беше прекрасната атмосфера за време на денешната промоцијата на видео записот и монографијата “30+: Жените тоа го можат”, притоа и годишното собрание на Сојуз-НСРР.
❗️Велат не гледај назад, но понекогаш е убаво да се погледне назад и да се види колку далеку сме стигнале, особено кога станува збор за женските прашања.
🟣Огромна чест и задоволство беше да се организира и учествува на ваков настан.
💜Изразуваме голема благодарност до сите присутни за нивното одвоено време и внимание кои помогнаа овој настан да стане реалност.
🟣Благодариме на сите кои ни се придружија на Форумот за еднаквост и различност во Штип, во рамки на проектот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“.
💜Овој настан e дел од серијата форуми низ седумнаесет општини во Република Северна Македонија. Заедно поттикнавме дијалог и соработка, промовирајќи инклузивност и решавање на клучните прашања на заедницата како родовата еднаквост, борбата против дискриминацијата и интегрирањето на пристап за справување со предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.
❗Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а имплементиран од Сојуз-Национален совет за родова еднаквост, Полио Плус и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар.

🙋🏼‍♀️ Тимот на НСРР присуствуваше на состанок со координаторот на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и тероризам Златко Апостоловски и неговиот тим.
🟣Континуираното воспоставување соработки со вакви тела се со цел, вклучување на повеќе жени во процесите на превенција на насилниот екстремизам во општеството.
💜Голема благодарност за одвоеното време и продуктивната средба!

💜Tимот на НСРР одржа работилница за арт терапија во рамки на настанот “Начини до подобро ментално здравје”.
🙋🏼‍♀️Благодариме на сите присутни кои дојдоа да се информираат како работиме во рамките на советувалиштето.
💜Продолжуваме со борбата за подобро утре на жените жртви на семејно и родово базирано насилство.

🫶🏻Нашиот тим како и секоја година традиционално за празникот Василица го посети домот за стари лица Мајка Тереза, а заедно со тимот на Елена Лука дониравме перници и постелнини за секој резидент од домот.
💟Се надевме дека помогневме и ставивме насмевки на нивните лица.
💜Голема благодарност до тимот на Елена Лука кои придонесоа оваа хуменитарна акција да стане реалност! 

💁🏼‍♀️Учество на претседателката Савка Тодоровска на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“.
💜Поттикнати да разговараме за важноста на законските регулативи во превенција и борба против насилството, подигањето на свеста и социјалниот аспект на одговорот на ова прашање.
🟣Настанот е организиран во рамките на 16 денови активизам за борба против родово базирано насилство заедно со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин.

💁🏼‍♀️Во рамки на конференцијата Профемина, организирана од Убавина и Здравје, Ана Тодоровска – психолог во Советувалиштето за жртви на семејно насилство при НСРР и Сумеа Рамадани – операторката на СОС линијата учествуваа во панел дискусијата „Дали сум безбедна“.
💜Откиј го насилството и пријави на бесплатната СОС линија 141700!

💜Огромна благодарност до госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска за поддршката, соработката и покровителството на панел дискусијата на тема „Вклучи се,превенирај, одговори и систематизирај“ кој се одржа во Кабинетот на Претседателот на 24.11.2021
📱Пријави семејно насилство на националната, бесплатна мобилна СОС линија 141 700.
🙋‍♀️Чест и задоволство беше на дел од тимот на НСРР да присуствува на afterwork networking настанот посветен на унапредуването на родовата еднаквост на работното место на тема “Digital Future, Equal Rights“.
💜Изразуваме голема благодарност до организаторите на настанот А1 Македонија и Алијансата за родова еднаквост – ГЕА, особено до А1 Македонија кои добија и наша благодарница за повеќегодишната поддршка на СОС линијата за жртви на семејно и родово базирано насилство.
📢Веруваме во нивната мисија за еднаквата застапеност и балансот на машко – женските тимови во секој аспект.
💁🏼‍♀️Тимот на НСРР одржа тркалезна маса на тема „Важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација за климатски промени“.
🟣На тркалезната маса се разви одлична дискусија за виталната улога на жените во напорите за адаптација и ублажување на ефектите од климатските промени, потребата од родово – инклузивни политики и процеси, како и предизвиците со кои се соочуваат жените при учество во развојот и спроведување на политиките.
💜Голема благодарност до присутните и претставничките од Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерство за животна средина и просторно планирање, претставничките од неколку општини, од општина Ѓорче Петров, Центар, Карпош и град Скопје. Како и секогаш присуствуваа и претставнички од регионалните центри на НСРР како и дел од медиумите.

💁🏼‍♀️Во просториите на Општина Шуто Оризари заедно со се одржа јавна дебата на тема „Родово одговорното буџетрање во образовната програма на општина Шуто Оризари.

🟣Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. 

💁🏼‍♀️Дел од атмосферата за време на средбата Размена на искуства за родово одговорно партиципативно буџетирање во Поградец, организирана од UN Women.
💜На средбата имавме можност да дискутираме за нашите искуства во однос на темата, да размениме добри организациски практики и да се вмрежиме со останатите присутни организации.
💁🏼‍♀️Во попладневните часови на 21.09.2023 тимот на НСРР го организираше настанот „ЗдруЖени разговори и готвење“ во општествената градина – Бостание, заедно со Зелената Арка, учениците и професорите од СУГС „Димитар Влахов“.
💜Имавме прилика да присуствуваме на информативната тура во градината, да разговараме за улогата и правата на жените во производството на храна, структурите и пристапот до општествените средства за производство и распределба на храна.
👩🏻‍🍳…и најважно од се да дегустираме мнооогу вкусна храна подготвена со плодовите одгледувани во самата градина.

🟣Средба на тимот на НСРР со претседателот Стево Пендаровски на која се разговараше за активностите кои ги спроведува нашиот тим за постигнување на родова рамноправност, унапредување и заштита на женските права.

💜Голема благодарност до претседателот и поддршката која ја дава за нашите заложби.
💁🏼‍♀️Средба со претседателот на Собрание, господин Талат Џафери и генералната секретарка на Парламентот Цветанка Иванова.
🟣На оваа средба се разговараше за иницијативата на Националниот совет за родова рамноправност, за измена и дополна на изборниот законик за 50-50 застапеност систем на локално и национално ниво на изборните листи со цел унапредување на статусот на жените во политиката и општеството.
💜Воедно се дискутираше и за програмските активности на НСРР и можната понатамошна соработка.
💁🏼‍♀️Дел од атмосферата за време на тренингот на тема „Развивање на апликации наменети за ИПАРД програмата“ во Скопје. Присутните имаа можност да се запознаат со ИПАРД програмата, критериумите за аплицирање, како и начинот на аплицирање.
🟣Преку ваквите видови активности ги охрабруваме жените во руралните средини активно да се вклучат во иницијативите за рурален развој и да бидат економски зајакнати жени.
💜Благодарност до присутните жени од Валандово, Лозово, Кавадарци, Тетово и Скопје
💁🏼‍♀️Се одржа завршната средба „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените“. На средбата се обратија Министерот за внатрешни работи, заменик министерот за труд и социјална политика, заменик министерката за правда.
🟣За време на средбата присутните ги дискутираа препораките кои произлегоа од претходно одржаните тркалезни маси, со цел, формулирање на конкретни решенија за превенција и заштита од семејното насилство врз жените.
💜Голема благодарност до сите присутни, а особено до модераторката Славица Арсова која се придружи на борбата против семејното насилство и насилството врз жените
❗️Повелба на Република Северна Македонија за Савка Тодоровска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност.
🟣Препознатлива е улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество. Без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија.
💜Делата кажуваат повеќе од зборовите!
🟣Национален совет за родова рамноправност спроведе тркалезни маси: Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените.
💜Присутни беа претставнички од: Министерството за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Основно јавно обвинителство Скопје, Министерство за Здравство и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.
🟣Три дена исполнети со продуктивна дискусија за превенција на родови стереотипи, сексизам, насилство врз жените и семејното насилство.
💜Секогаш достапни бесплатната СОС линија 141 700 и советувалиштето за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
🟣Нашата СОС операторка Азра Милаими Реџепи спроведе уште една интерактивна работилница со учениците од основното училиште “Бедри Тахири” на тема меѓуврсничко насилство.
💜Меѓудругото со училиштето беше потпишан меморандум за соработка со Националниот совет за родова еднаквост
Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи.
💁🏼‍♀️Жителките на градот Скопје сега имаат подобар пристап кон нашето бесплатно советувалиште за жени жртви на семејно и родово базирано насилство. Со потпишување на овој меморандум со град Скопје продолжува нашата имплементација на активности за родова еднаквост и заштита на жените.
💜Благодарни сме за оваа исклучително важна соработка.
🟣На 12.04.2023 Национален совет за родова рамноправност официјално го отвори советувалиштето за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
💁🏼‍♀️На средбата беше потпишан и меморандум со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со потпишување на меморандумот, се обврзуваме заедно да работиме кон изнаоѓање на решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување на безбедна
околина и ресоцијализација на жените и децата.
💜Бесплатна СОС мобилна линија, достапна 24/7 за жртви на семејно и родово базирано насилство 141 700. Заедно против семејното насилство!
💁🏼‍♀️Нашите операторки на СОС мобилната линија присуствуваа на гостување во живо на Алсат ТВ каде говореа за важноста на превенцијата на семејното и родово базирано насилство, како и за важноста на достапноста на СОС линии и советувалишта за овие жртви.
🟣Бесплатна СОС мобилна линија, достапна 24/7 за жртви на семејно и родово базирано насилство 141700.
💜Заедно против семејното и родово базирано насилство!
🟣Националниот совет за родова рамноправност на 29.03 и 30.03 одржа обука на тема „Финансиски менаџмент и прибирање на средства (fundraising) за НВО.“
💁🏼‍♀️Беше прегледан финансискиот менаџмент и се изработуваше буџет за женските граѓански организации, беа споделени стратегии за прибирање средства за истите. Присутните имаа можност да напишат и предлози за грант, и воедно беше симулирана кампања за собирање на потребни средства.
🟣Савка Тодоровска – претседателката на Националниот совет за родова рамноправност присуствуваше на панел дискусија во кабинетот на претседателот со наслов: „Дигиталното образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“.
💁🏼‍♀️Беа дискутирани актуелни прашања поврзани со унапредувањето на дигиталните вештини и трансформативната технологија кај жените, нивно поголемо учество во пазарот на трудот, спречување на дигиталниот родов јаз, како и заштита на правата на жените и девојките во дигиталниот простор.
🟣На меѓународниот ден на жената се одржа првата пленарна седница посветена на унапредување на родовата еднаквост во Собранието на Република Северна Македонија.
💁🏼‍♀️На седницата присуствуваше и дел од тимот на Националниот совет за родова рамноправност, на која со огромна чест ја прифативме оваа благодарница за унапредување на родовата еднаквост во општеството.
💜Благодарност и до сите присутни за кои веруваме дека дејствуваат кон остварување на заедничката цел – постигнување на родова еднаквост, унапредување на правата на жените и вклучување во процесите на донесување одлуки.

Во текот на месец февруари, на 16.02.2023, 17.02.2023, 18.02.2023 Националниот совет за родова рамноправност спроведе бесплатна обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.

Погледнете дел од атмосферата за време на одржувањето на обуката.

Националниот совет за родова рамноправност на 09.02 и 10.02 одржа тренинг за развивање и пишување на проектни апликации.

Беа дефинирани термини кои се среќаваат во проекти и проектен менаџмент, беа определени потребите и проблемите на организациите, методологијата и партнерствата, како и мониторинг, евалуација и одржливоста на проектите.

На тренингот учествуваа претставнички од регионалните канцеларии: ОЖП Пехчево, Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, ЗЕМ Езерка – Струга и НЧП – Ресен.

Во текот на месец февруари, Националниот совет за родова рамноправност ќе спроведе обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
Датумите за обуката се:
• 16.02.2023
• 17.02.2023
• 18.02.2023
Локација: Граѓански Ресурсен Центар – МЦМС ( адреса: ул. Никола Парапунов 41а).
Доколку сте заинтересирани да учествувате, кликнете на следниов линк за повеќе информации: Повик: Обука за операторки

Дел од тимот на НСРР беше присутен на тренингот за финансиска писменост во Кипар, на истиот учествуваа и партнерските институции од земјите партнери. Тие имаа можност да разговараат и да ги дискутираат SMART финансиските цели за време на обуката.

Платформа за е-учење за финансиска писменост е подготвена. Таму вие, обучувачите и младите, ќе можете да ги практикувате сите овие информации што нашите тренери со сертификати ги добија за време на тренингот.  

Благодарност до сите партнери за резултатите и искуствата од проектот, досега.

Запознајте се со проектот Fly – In. Fly-in е Еразмус плус проект кој НСРР го спроведува во соработка со странски партнери, а кој се однесува на потребите за финансиска писменост на младите NEET жени и нивно финансиско вклучување.

Овој проект e обид да се развие образовна програма за обука на млади работници кои доаѓаат од финансиски институции, младински центри и образовни организации вклучени со млади, NEET, мигранти и жени за нивна обука со цел да станат финансиски описменети.

 

За повеќе информации кликнете на следниов линк: https://fly-in-eu.com/?page_id=1696&lang=mk

Ова е само дел од атмосферата за време на тркалезната маса во Пехчево, на тема „Спроведување на законските решенија за проблемот на родово базирано и семејно насилство.“.
Препораките од богатата дискусија беа да се отворат повеќе советувалишта за сторители на семејно насилство, да се развијат превентивни програми во рамки на училиштата, интензивирање на меѓусекторската соработка пропишана со закон итн.
Нашата борба не застанува тука!
Јавната дискусија за фемицидите на глобално ниво се одвива веќе неколку декади. Родово базираното насилство е широко распространет феномен во општеството, а фемицидите, како најтежок облик на родово базирано насилство, претставуваат сериозна закана за жените во нашата земја.
Се одржа промоција на истражувањето „Невидливи убиства“ поврзани токму со оваа тематика, фемицидите во нашата земја. 
Нашата борба не застанува тука!

Со цел да се зголеми свеста на јавноста за семејното насилство врз жените, НСРР започна со кампањата „Нема да молчам“ која ќе трае од 25 ноември до 10 декември.

Една од главните цели на оваа кампања е да се поттикнат жртвите и/или сведоците на насилство истото да го пријават на бесплатната мобилна СОС линија 141 700 без
префикс од сите телекомуникациски оператори која е достапна 24/7 и преку која се гарантира дискреција.

Оваа линија ќе биде достапна и по завршувањето на кампањата.

Отворен е повик за Изработка и спроведување на медиумска кампања – „16 дена активизам за борба против насилството врз жената“.

Краен рок за доставување на понудите е 20.10.2022.

Прочитајте повеќе за повикот со кликање на следниов линк. 

Атмосферата за време на средбата со новинари, поврзана со медиумската кампања “16 дена активизам за борба против родово базирано насилство”.
Вклучи се, побарај гласно!
Соработка на Националниот совет за родова рамноправност со организација “Хуманитарно здружение Мајка” и АГОРА.
Атмосферата за време на филмското попладне организирано од страна на НСРР.
Присутните имаа можност да го проследат филмот „Врба“, кој е слика и доказ за победата на сите жени.
„Бидејќи, мајка не раѓа, Мајка сака.“ – Ивана Смилевска
Огромна благодарност до Милчо Манчевски и неговиот тим кои ни овозможија оваа идеја да ја претвориме во реалност.