Активности

💜Огромна благодарност до госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска за поддршката, соработката и покровителството на панел дискусијата на тема „Вклучи се,превенирај, одговори и систематизирај“ кој се одржа во Кабинетот на Претседателот на 24.11.2021
📱Пријави семејно насилство на националната, бесплатна мобилна СОС линија 141 700.
🙋‍♀️Чест и задоволство беше на дел од тимот на НСРР да присуствува на afterwork networking настанот посветен на унапредуването на родовата еднаквост на работното место на тема “Digital Future, Equal Rights“.
💜Изразуваме голема благодарност до организаторите на настанот А1 Македонија и Алијансата за родова еднаквост – ГЕА, особено до А1 Македонија кои добија и наша благодарница за повеќегодишната поддршка на СОС линијата за жртви на семејно и родово базирано насилство.
📢Веруваме во нивната мисија за еднаквата застапеност и балансот на машко – женските тимови во секој аспект.
💁🏼‍♀️Тимот на НСРР одржа тркалезна маса на тема „Важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација за климатски промени“.
🟣На тркалезната маса се разви одлична дискусија за виталната улога на жените во напорите за адаптација и ублажување на ефектите од климатските промени, потребата од родово – инклузивни политики и процеси, како и предизвиците со кои се соочуваат жените при учество во развојот и спроведување на политиките.
💜Голема благодарност до присутните и претставничките од Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерство за животна средина и просторно планирање, претставничките од неколку општини, од општина Ѓорче Петров, Центар, Карпош и град Скопје. Како и секогаш присуствуваа и претставнички од регионалните центри на НСРР како и дел од медиумите.

💁🏼‍♀️Во просториите на Општина Шуто Оризари заедно со се одржа јавна дебата на тема „Родово одговорното буџетрање во образовната програма на општина Шуто Оризари.

🟣Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. 

💁🏼‍♀️Дел од атмосферата за време на средбата Размена на искуства за родово одговорно партиципативно буџетирање во Поградец, организирана од UN Women.
💜На средбата имавме можност да дискутираме за нашите искуства во однос на темата, да размениме добри организациски практики и да се вмрежиме со останатите присутни организации.
💁🏼‍♀️Во попладневните часови на 21.09.2023 тимот на НСРР го организираше настанот „ЗдруЖени разговори и готвење“ во општествената градина – Бостание, заедно со Зелената Арка, учениците и професорите од СУГС „Димитар Влахов“.
💜Имавме прилика да присуствуваме на информативната тура во градината, да разговараме за улогата и правата на жените во производството на храна, структурите и пристапот до општествените средства за производство и распределба на храна.
👩🏻‍🍳…и најважно од се да дегустираме мнооогу вкусна храна подготвена со плодовите одгледувани во самата градина.

🟣Средба на тимот на НСРР со претседателот Стево Пендаровски на која се разговараше за активностите кои ги спроведува нашиот тим за постигнување на родова рамноправност, унапредување и заштита на женските права.

💜Голема благодарност до претседателот и поддршката која ја дава за нашите заложби.
💁🏼‍♀️Средба со претседателот на Собрание, господин Талат Џафери и генералната секретарка на Парламентот Цветанка Иванова.
🟣На оваа средба се разговараше за иницијативата на Националниот совет за родова рамноправност, за измена и дополна на изборниот законик за 50-50 застапеност систем на локално и национално ниво на изборните листи со цел унапредување на статусот на жените во политиката и општеството.
💜Воедно се дискутираше и за програмските активности на НСРР и можната понатамошна соработка.
💁🏼‍♀️Дел од атмосферата за време на тренингот на тема „Развивање на апликации наменети за ИПАРД програмата“ во Скопје. Присутните имаа можност да се запознаат со ИПАРД програмата, критериумите за аплицирање, како и начинот на аплицирање.
🟣Преку ваквите видови активности ги охрабруваме жените во руралните средини активно да се вклучат во иницијативите за рурален развој и да бидат економски зајакнати жени.
💜Благодарност до присутните жени од Валандово, Лозово, Кавадарци, Тетово и Скопје
💁🏼‍♀️Се одржа завршната средба „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените“. На средбата се обратија Министерот за внатрешни работи, заменик министерот за труд и социјална политика, заменик министерката за правда.
🟣За време на средбата присутните ги дискутираа препораките кои произлегоа од претходно одржаните тркалезни маси, со цел, формулирање на конкретни решенија за превенција и заштита од семејното насилство врз жените.
💜Голема благодарност до сите присутни, а особено до модераторката Славица Арсова која се придружи на борбата против семејното насилство и насилството врз жените
❗️Повелба на Република Северна Македонија за Савка Тодоровска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност.
🟣Препознатлива е улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество. Без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија.
💜Делата кажуваат повеќе од зборовите!
🟣Национален совет за родова рамноправност спроведе тркалезни маси: Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените.
💜Присутни беа претставнички од: Министерството за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Основно јавно обвинителство Скопје, Министерство за Здравство и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.
🟣Три дена исполнети со продуктивна дискусија за превенција на родови стереотипи, сексизам, насилство врз жените и семејното насилство.
💜Секогаш достапни бесплатната СОС линија 141 700 и советувалиштето за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
🟣Нашата СОС операторка Азра Милаими Реџепи спроведе уште една интерактивна работилница со учениците од основното училиште “Бедри Тахири” на тема меѓуврсничко насилство.
💜Меѓудругото со училиштето беше потпишан меморандум за соработка со Националниот совет за родова еднаквост
Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи.
💁🏼‍♀️Жителките на градот Скопје сега имаат подобар пристап кон нашето бесплатно советувалиште за жени жртви на семејно и родово базирано насилство. Со потпишување на овој меморандум со град Скопје продолжува нашата имплементација на активности за родова еднаквост и заштита на жените.
💜Благодарни сме за оваа исклучително важна соработка.
🟣На 12.04.2023 Национален совет за родова рамноправност официјално го отвори советувалиштето за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
💁🏼‍♀️На средбата беше потпишан и меморандум со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со потпишување на меморандумот, се обврзуваме заедно да работиме кон изнаоѓање на решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување на безбедна
околина и ресоцијализација на жените и децата.
💜Бесплатна СОС мобилна линија, достапна 24/7 за жртви на семејно и родово базирано насилство 141 700. Заедно против семејното насилство!
💁🏼‍♀️Нашите операторки на СОС мобилната линија присуствуваа на гостување во живо на Алсат ТВ каде говореа за важноста на превенцијата на семејното и родово базирано насилство, како и за важноста на достапноста на СОС линии и советувалишта за овие жртви.
🟣Бесплатна СОС мобилна линија, достапна 24/7 за жртви на семејно и родово базирано насилство 141700.
💜Заедно против семејното и родово базирано насилство!
🟣Националниот совет за родова рамноправност на 29.03 и 30.03 одржа обука на тема „Финансиски менаџмент и прибирање на средства (fundraising) за НВО.“
💁🏼‍♀️Беше прегледан финансискиот менаџмент и се изработуваше буџет за женските граѓански организации, беа споделени стратегии за прибирање средства за истите. Присутните имаа можност да напишат и предлози за грант, и воедно беше симулирана кампања за собирање на потребни средства.
🟣Савка Тодоровска – претседателката на Националниот совет за родова рамноправност присуствуваше на панел дискусија во кабинетот на претседателот со наслов: „Дигиталното образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“.
💁🏼‍♀️Беа дискутирани актуелни прашања поврзани со унапредувањето на дигиталните вештини и трансформативната технологија кај жените, нивно поголемо учество во пазарот на трудот, спречување на дигиталниот родов јаз, како и заштита на правата на жените и девојките во дигиталниот простор.
🟣На меѓународниот ден на жената се одржа првата пленарна седница посветена на унапредување на родовата еднаквост во Собранието на Република Северна Македонија.
💁🏼‍♀️На седницата присуствуваше и дел од тимот на Националниот совет за родова рамноправност, на која со огромна чест ја прифативме оваа благодарница за унапредување на родовата еднаквост во општеството.
💜Благодарност и до сите присутни за кои веруваме дека дејствуваат кон остварување на заедничката цел – постигнување на родова еднаквост, унапредување на правата на жените и вклучување во процесите на донесување одлуки.

Во текот на месец февруари, на 16.02.2023, 17.02.2023, 18.02.2023 Националниот совет за родова рамноправност спроведе бесплатна обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.

Погледнете дел од атмосферата за време на одржувањето на обуката.

Националниот совет за родова рамноправност на 09.02 и 10.02 одржа тренинг за развивање и пишување на проектни апликации.

Беа дефинирани термини кои се среќаваат во проекти и проектен менаџмент, беа определени потребите и проблемите на организациите, методологијата и партнерствата, како и мониторинг, евалуација и одржливоста на проектите.

На тренингот учествуваа претставнички од регионалните канцеларии: ОЖП Пехчево, Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, ЗЕМ Езерка – Струга и НЧП – Ресен.

Во текот на месец февруари, Националниот совет за родова рамноправност ќе спроведе обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
Датумите за обуката се:
• 16.02.2023
• 17.02.2023
• 18.02.2023
Локација: Граѓански Ресурсен Центар – МЦМС ( адреса: ул. Никола Парапунов 41а).
Доколку сте заинтересирани да учествувате, кликнете на следниов линк за повеќе информации: Повик: Обука за операторки

Дел од тимот на НСРР беше присутен на тренингот за финансиска писменост во Кипар, на истиот учествуваа и партнерските институции од земјите партнери. Тие имаа можност да разговараат и да ги дискутираат SMART финансиските цели за време на обуката.

Платформа за е-учење за финансиска писменост е подготвена. Таму вие, обучувачите и младите, ќе можете да ги практикувате сите овие информации што нашите тренери со сертификати ги добија за време на тренингот.  

Благодарност до сите партнери за резултатите и искуствата од проектот, досега.

Запознајте се со проектот Fly – In. Fly-in е Еразмус плус проект кој НСРР го спроведува во соработка со странски партнери, а кој се однесува на потребите за финансиска писменост на младите NEET жени и нивно финансиско вклучување.

Овој проект e обид да се развие образовна програма за обука на млади работници кои доаѓаат од финансиски институции, младински центри и образовни организации вклучени со млади, NEET, мигранти и жени за нивна обука со цел да станат финансиски описменети.

 

За повеќе информации кликнете на следниов линк: https://fly-in-eu.com/?page_id=1696&lang=mk

Ова е само дел од атмосферата за време на тркалезната маса во Пехчево, на тема „Спроведување на законските решенија за проблемот на родово базирано и семејно насилство.“.
Препораките од богатата дискусија беа да се отворат повеќе советувалишта за сторители на семејно насилство, да се развијат превентивни програми во рамки на училиштата, интензивирање на меѓусекторската соработка пропишана со закон итн.
Нашата борба не застанува тука!
Јавната дискусија за фемицидите на глобално ниво се одвива веќе неколку декади. Родово базираното насилство е широко распространет феномен во општеството, а фемицидите, како најтежок облик на родово базирано насилство, претставуваат сериозна закана за жените во нашата земја.
Се одржа промоција на истражувањето „Невидливи убиства“ поврзани токму со оваа тематика, фемицидите во нашата земја. 
Нашата борба не застанува тука!

Со цел да се зголеми свеста на јавноста за семејното насилство врз жените, НСРР започна со кампањата „Нема да молчам“ која ќе трае од 25 ноември до 10 декември.

Една од главните цели на оваа кампања е да се поттикнат жртвите и/или сведоците на насилство истото да го пријават на бесплатната мобилна СОС линија 141 700 без
префикс од сите телекомуникациски оператори која е достапна 24/7 и преку која се гарантира дискреција.

Оваа линија ќе биде достапна и по завршувањето на кампањата.

Отворен е повик за Изработка и спроведување на медиумска кампања – „16 дена активизам за борба против насилството врз жената“.

Краен рок за доставување на понудите е 20.10.2022.

Прочитајте повеќе за повикот со кликање на следниов линк. 

Атмосферата за време на средбата со новинари, поврзана со медиумската кампања “16 дена активизам за борба против родово базирано насилство”.
Вклучи се, побарај гласно!
Соработка на Националниот совет за родова рамноправност со организација “Хуманитарно здружение Мајка” и АГОРА.
Атмосферата за време на филмското попладне организирано од страна на НСРР.
Присутните имаа можност да го проследат филмот „Врба“, кој е слика и доказ за победата на сите жени.
„Бидејќи, мајка не раѓа, Мајка сака.“ – Ивана Смилевска
Огромна благодарност до Милчо Манчевски и неговиот тим кои ни овозможија оваа идеја да ја претвориме во реалност.