Шифра: Moon

Имам потреба од: Правник

Порака: Имам потреба од совет, после развод од мојот бивши сопруг (кој беше физички насилен спрема мене), поднесов барање за промена на презимето. Од МВР и Центарот за социјална работа, конкретно за социјален документ кој треба да го добијам за промена на презимето, не сакаат да ми достават до мојата адреса (кај што живеам под кирија), туку сакаат да ја достават на неговата адреса, бидејќи таму се водам по лична карта. Како да постапам и што да направам бидејќи не сакам да го задржам неговото презиме?


Одговор:
Почитувана Moon,
Во однос на Вашето прашање, документација се доставува на адреса наведена во Вашата лична карта (живеалиште). Доколку престојувате надвор од местото на Вашето живеалиште, потребно е да се пријавите себеси кај надлежна полициска станица во местото каде што престојувате. За пријавување и одјавување на престојувалиштето ќе добиете потврда од надлежен орган. Бидејќи во вашиот случај, престојувате на друго место надвор од своето живеалиште, треба да пријавите престојувалиште за да може документацијата да биде доставена на адресата каде што живеете во моментов под кирија, или да се обидете лично да ја подигнете документацијата во самиот Центар за социјална работа.


Одговара: Ружица Пинзовска-правна советничка, во рамки на Советувалиштето при Сојуз- Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *