Програми

Институционален развој и организациско зајакнување на мрежата

  • Ефективна, ефикасна и одржлива организација и регионални центри.
  • Подобрена транспарентност и отчетност на организацијата и регионалните центри.
  • Подобрени процедури за зголемување и зајакнување на организациските, институционалните и техничките капацитети на организацијата.
  • Зајакнување на одговорноста на организацијата кон дадените стратешки определби.
  • Проширување на бројот и квалитетот на производите и услугите како резултат на зајакнатите капацитети преку обуки и консултации.

Превенција на родови стереотипи, сексизам, насилство врз жените

  • Подобрување на законодавството за спречување на родово базирано насилство и заштита на жртвите на семејно насилство.
  • Подигнување на јавната свест за проблемот на родово базирано насилство, насилство врз жените и семејно насилство.
  • Подобрена заштита на жртвите на родова основа, насилство врз жените и семејно насилство.
  • Формиран Центар за жртви на родово, насилство врз жени и семејно насилство.

Економско зајакнување на жените и социјално претприемништво

  • Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај жените и девојчињата, со посебен фокус на жените и девојките од руралните средини. 
  • Зајакнување на личните капацитети на жените за конкурентно учество на пазарот на трудот.
  • Поттикнување на женското претприемништво, со посебен фокус на социјалното претприемништво, подобрување на социо-економската положба на жените и вклученост во општествениот живот на заедниците.
  • Подобро искористување на фондот на ЕУ за жените фармери и жените во земјоделство. 

Жени, лидерство и учество

  • Подигнување на свеста на жените и девојките за женските прашања, родовите односи, човековите/женските права, родовата дискриминација.
  • Зајакнување на женскиот идентитет, моќ и самодоверба за преземање индивидуални и групни иницијативи. 
  • Промоција и заштита на женските човекови права. 
  • Вклучување на жените и во политичките партии. 
  • Вклучување на жените и девојките во општествениот живот. 

Родова еднаквост и климатски промени

  • Подигнување на свеста за важноста на учеството на жените во процесот на адаптација на климатските промени.
  • Жените подеднакво се вклучени во програмите за климатски промени. 
  • Жените имаат еднаков пристап до ресурсите во процесот на адаптација на климатските промени.
  • Вмрежување со национални, регионални и земји од ЕУ и споделување на добри практики. 

Жени, мир и безбедност

  • Промовирање на култура на мир и ненасилство во однос на меѓучовечките и меѓуетничките односи.
  • Промовирање на вредностите на демократија, дијалог и толеранција.
  • Промовирање и поттикнување на граѓанскиот активизам како важен фактор и вредност на демократијата, општествениот развој и одржливиот мир.
  • Вклучување на жените и девојките во процесите на одлучување за мир и безбедност на сите нивоа.
  • Вклучување на жените и девојките во заштита и градење на мирот.