Вашата шифра: Кикимаја
Имам потреба од: Правник
Порака: Физичко и психичко насилство од мојот син кој се изразува вулгарно. Се плашам дека сексуално ќе ме нападне, цело време вулгарно се изразува, со сексуален нагон кон мене, лупа и крши по дома и не ме остава да спијам.


Одговор: 
Почитувана Кикимаја,
Ви благодариме што се обративте кај нас. Ве советуваме насилството да го пријавите во Центарот за социјална работа и полиција како надлежни институции кои ќе ви обезбедат заштита. За да биде валидна Вашата пријава за насилство во истоимените институции, треба да направите лекарски преглед од претрпените последици и да ги прикажете како доказ. Во однос на заштита, со пријавата во Центарот за социјална работа имате опција да побарате и поднесете Барање за привремени мерки за заштита (забрана за доближување, забрана за вознемирување и заканување…), чие Барање, Центарот го доставува до месно надлежен суд кој ја изрекува мерката по проценка на доставените докази. Постапката е итна.
Би сакале да Ве охрабриме да се јавите на Советувалиштето при НСРР (141-700) и да закажете
термин за правно советување. Притоа, сакаме да Ве информираме дека услугата на
Советувалиштето е бесплатна и опфаќа правно и психосоцијално советување со правник, психолог и социјален работник.


Одговара: Ружица Пинзовска-правна советничка, во рамки на Советувалиштето при Сојуз- Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *