Шифра: Nodi

Имам потреба од: Психолог

Порака: Во брак сум, тој е заминат во странство и живеам сама со сите обврски дома и на работа. Исто, секојдневно со него контактот е слаб и со секое јавување само навреди исмејувања понижувања, тој бил во странство, јас овде. Немам никаква помош или подршка, на кого да кажеш сите те исмејуваат, а тој таму има многу убав живот. Имам многу да кажам, а не знам како да го напишам тоа, имам многу мисли во главата. Тој го растури бракот семејството и замина. Поздрав


Одговор:

Почитувана,

Од Вашиот допис можам да увидам дека моменталната ситуација Ви е стресна и имате потреба од поддршка. За да Ве поддржиме најдобро што можеме, ни требаат повеќе инфорации за ситуацијата. Затоа Ве охрабрувам да се јавите на бесплатната СОС Линија (141-700) или да го посетите нашето советувалиште и да закажете бесплатна средба со нашиот тим кој го сочинува правник, психолог и социјален работник.


Одговара: Елена Василева – психолог, во рамки на Советувалиштето при Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *