Овој март, Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) организира серија тематски настани посветени на клучните предизвици со кои се соочуваат жените денес. Под заедничката рамка на 8-мартовското одбележување, Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ќе биде место за отворена дискусија, рефлексија и поддршка.

 

Програма на настани:

 

5 март: „Зошто жените се уморни дури и кога прават сѐ правилно?“ (модераторка проф. д-р Аспазија Софијанова-цули)

 

12 март: „Љубов или контрола – каде е границата денес?“ (модераторка проф. д-р Верица Трајкова Стаменкова)

 

19 март: „Кој ја раскажува женската приказна?“ (модераторка Бети Стаменкоска Трајкоска)

 

26 март: „Телото на жената – лично или јавно прашање?“ (модераторки Л. Богатиновска и Ж. Богатиновска Илиева)

Целта на овие средби е да се поттикне дијалог за менталното здравје, родовите улоги и општествените очекувања. Присутните имаа можност да учествуваат секој четврток од 17:30 часот, со присуство во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *