Шифра: Abuse10
Имам потреба од: Социјален работник
Порака: Жртва сум на семејно насилство, од брат ми физичко насилство, од мајка ми вербално и психичко насилство, интензивно веќе 4 месеци со ред. Пријавени се во полиција и на суд имаме одено, не знам што да правам повеќе. Барам заштита и помош од државата, ве молам. Растроена сум психички и емотивно уништена од ова. Апелирам за ПОМОШ!!!


Почитувана,

Од вашиот допис разбирам дека станува збор за семејно насилство од членови на вашето семејство. Оваа тематика е регулирана со Законот за спречување на насилство врз жените и семејното насилство.

Препорачувам да се обратите до надлежниот Центар за социјална работа, во зависност од градот/општината од која доаѓате. Центрите за социјална работа има овластување за решавање за правата од социјалната заштита, да решава за работи утврдени со семејно-правните прописи и да постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи.

На овој линк споделувам контакт од Центрите за социјална работа, на кои може да го најдете оној кој е надлежен за вашата област. Доколку ви е потребна дополнителна поддршка, може да се јавите во било кое време на нашата СОС линија 141 700 која е бесплатна и достапна 24/7.


Одговара: Елена Грозданова, социјална работничка во рамки на Советувалиштето при Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.