Шифра: Христина
Имам потреба од: Психолог
Порака: Почитувани здраво,
Имам две момчиња од кои поголемото, 10 години, има ниска самодоверба од мал.  Менува ставови и во последно време приметуваме дека лаже. Како да постапиме како родители? Тешко склопува пријателства и се труди да им се допадне на школските другари со тоа што прави лоши работи, да предизивика внимание и да докаже како тој е бестрашен, но од секоја лоша случка излегува виновен и добива кавги дома, неговите другари се забавуваат од таквите случки за нив е интересен. Како да постапиме како родители, некако казните не му влијаат ни кавгите, си тера по свое.
Благодариме однапред. Сакам да му ја зголемиме некако самодовербата. Дали е можно во овие години?


Почитувана Христина,

Од вашето прашање забележувам дека кај вашиот син се јавува отпор кон вашите насоки, како и потреба за предизвикување внимание од околината со различни променливи однесувања со цел прифаќање и допадливост. Истовремено, насетувам загриженост од ваша страна поради нова појава во неговото однесување – прикривање на вистината или можеби селектирање на информациите кои ги изнесува пред вас.

Вашиот син се наоѓа во развоен период каде постепено почнува да ја развива својата индивидуалност, процес кој може да очекувате дека со сигурност ќе се засилува во наредните неколку години. Во овој период, детето има потреба да се осознае себеси и своите сили – како што наведувате, има потреба да ја докаже својата бестрашност. Појавата на отпор кон вашите насоки и правила може да биде насочена токму кон осознавање на себеси и израз на потребата за самостојност. Со тоа, колку повеќе настапувате со казни и наредби, толку повеќе може да се засили отпорот и да се добие спротивниот ефект. Би ве насочила кон истражување на следните теми, во насока кон зајакнување на неговата самодоверба и потреба за функционирање како самостојна личност:

Се надевам дека овие насоки ќе ви послужат за развој на понатамошната комуникација. Доколку сметате дека ви е потребна дополнителна поддршка, секогаш може да се обратите на детски психолог / психотерапевт кој може да ви понуди стручна поддршка.

Би сакала да нагласам дека ова советувалиште е првенствено насочено кон поддршка за жени кои се соочуваат со семејно насилство, така што доколку вие или некој од вашата средина се соочува со таков проблем, слободно исконтактирајте не повторно.


Одговара: Ана Тодоровска, психолог / практичар на експресивна арт терапија, во рамки на Советувалиштето при Национален совет за родова рамноправност.


Дигиталното советувалиште е поддржано од Комерцијална Банка АД Скопје, во рамки на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето при НСРР и СОС линијата за жени – жртви на семејно насилство“.